Ердоган: Сцените од подземните затвори во Дамаск се најдобар одговор за поддржувачите на Асад

December 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека сцените во текот на изминатите денови од подземните затвори во Дамаск служат како најдобар одговор на поддржувачите на соборениот сириски режим, јавува Анадолу.

„Подземните затвори во Дамаск се најдобриот одговор за оние кои се зачудени од револуцијата во Сирија и ја величаа ерата на Асад“, рече Ердоган на обласниот конгрес на неговата Партија за правда и развој (AK Parti) во северозападна Туркије.

„Ги исполнивме барањата на законот на братството, штитејќи ги нашите браќа во Сирија. Ова го направивме без приговор, свесно, помагајќи им на мигрантите“, изјави Ердоган.

По избувнувањето на судирите на 27 ноември меѓу антирежимските групи и силите на режимот на Асад, Башар ал-Асад и неговото семејство во неделата побегнаа во Русија.

Преземањето на главниот град Дамаск од страна на антирежимските групи го означи падот на режимот на партијата Баас, кој владееше со Сирија од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола има здравствени проблеми

Следно

ФОТО: Вандализиран автомобил на македонски државјанин во Софија!

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop