Ердоган: Шведска може да влезе во НАТО, но само доколку Турција започне преговори за влез во Европската унија

July 10, 2023
1 min read

Никој не треба да очекува никакви отстапки од наша страна, Анкара секогаш ја поддржувала политиката на „отворени врати“ на НАТО алијансата, но во исто време поради долгиот и голем застој во евроинтеграцискиот процес на Турција, мора да кажам дека ние ќе дозволиме Шведска да влезе во НАТО како што дозволивме на Финска, но само доколку најпрвин се отвори патот за влез на Турција во Европската унија, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Иако Турција поднесе барање за членство во тогашната Европска економска заедница во 1987 г. и за членство во Европската унија на крајот на минатиот век, во 1999 г., сепак поради недостаток на ентузијазам кај одредени клучни земји членки на Европската унија – преговорите за пристапување во Европската унија никогаш не вродија со плод.

Ердоган, денеска, пред да отпатува на самитот на НАТО во Литванија, прашан за тоа дали Турција конечно ќе даде зелено светло за влез на Шведска во НАТО алијансата, одговори дека неговата земја нема да се противи на такво нешто, но само доколку се одмрзне процесот на интегрирање на Турција во европското семејство

„Никој не треба да очекува отстапки од нас, Анкара секогаш била за политиката „отворени врати“ во НАТО, но првин отворете го патот за Турција во Европската унија, па по тоа ќе го расчистиме патот за кандидатурата на Шведска, исто како што направивме во случајот со Финска“,

рече Ердоган.

Турција се уште не ја одобрува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, а како причина, Анкара ги наведува недоволната битка против како што велат „терористичките групи“ и немањето волја Стокхолм да екстрадира одредени лица поврзани со тероризам во Турција.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Северна Кореја предупреди дека се на „прагот на нуклеарен конфликт“

Следно

Мбапе пречекан како американски претседател во родното село на татко му во Камерун

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop