Ердоган: САД и Велика Британија користат несразмерна сила во Јемен, Израел во Палестина

January 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека САД и Велика Британија користат несразмерна сила во Јемен, јавува Анадолу.

Ердоган по петочната молитва во Истанбул даде изјава за медиумите, во која говореше за нападите на САД и Велика Британија во Јемен.

„Сите овие акции вклучуваат користење несразмерна сила. Израел, исто така, користи несразмерна сила во Палестина“, нагласи Ердоган.

„Добиваме информации од различни извори дека Хусите извршиле многу успешна одбрана, успешно одговориле и против САД и Велика Британија“, истакна турскиот претседател.

САД и Велика Британија извршија напади врз повеќе цели во Јемен доцна во четвртокот како одговор на тековните напади со беспилотни летала и ракети од страна на Хусите, кои се поддржани од Иран, на меѓународните бродски патеки во Црвеното Море. Нападите на јеменската група започнаа во ноември како одговор на израелската војна против Газа.

Што се однесува до за тужбата на Јужноафриканската Република поднесена на Меѓународниот суд за правдата во Хаг против Израел за геноцид, Ердоган рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема каде да се крие, и дека нема одбрана за неговите дела.

„Би го видел (израелскиот) претседател (Исак) Херцог во многу поискрена атмосфера во овој момент, но во последно време тој исто така го имитира Нетанјаху, почнувајќи да дава многу различни изјави“, додаде Ердоган.

Тој истакна дека Израел сега ги изнесува своите аргументи на овој суд, и додаде: „Но документите што ги презентиравме ние се корисни за Хаг.“

Првиот ден од судењето заврши во четвртокот, откако амбасадорот на Јужноафриканската Република во Амстердам, Вусимузи Мадонсела, ги прочита деветте привремени мерки што неговата земја ги побара од Судот против Израел.

На првиот ден од судењето, јужноафриканската страна ги презентираше своите наводи против Израел пред МСП заедно со придружните причини и докази.

Правните претставници на Јужноафриканската Република во судскиот процес го обвинија Израел за „намерни дејствија против жителите на Газа, докажувајќи намера за геноцид“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Газа: На границата со Египет се копаат масовни гробници за Палестинците убиени во израелските напади

Следно

Здружението на стоматолози: Пациентите ќе чекаат за забар со месеци или ќе плаќаат приватно

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop