Ердоган рече дека Туркије нема да толерира тероризам во Сирија

January 18, 2025
1 min read

МЕРСИН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја претстави визијата за регионално единство, мир и самоопределување, потврдувајќи го цврстиот став на Туркије против тероризмот во Сирија, известува Анадолу.

„Имаме нулта толеранција за терористичката организација ЈПГ, која окупира една третина од земјата (Сирија). Наскоро ќе преземеме чекори за да го решиме ова прашање од темел“, рече Ердоган за време на своето обраќање на 8. редовен областен конгрес на АК партијата во градот Мерсин на југот од Туркије.

Турскиот претседател ја истакна решеноста на Туркије да ги спречи сите планови кои ја загрозуваат регионалната стабилност.

„Ние сме решени или со разоружување или елиминирање на терористичките организации да го спречиме спроведувањето на нови сценарија за Сирија“, рече Ердоган.

„Заврши ерата на оние кои во изминатиот век слободно шетаа во овој регион со политика на раздели па владеј“, истакна претседателот на Туркије.

Ердоган ја посочи на важноста од зајакнување на автохтоното население во регионот.

„Отсега иднината на регионот ќе ја одредуваат неговите древни народи, а сите одлуки во врска со природните ресурси ќе останат во надлежност на вистинските сопственици на регионот“, порача Ердоган.

„Без разлика кој што зборува, се нарушува вековната игра. Ветровите на братството и мирот дуваат низ нашиот регион, отворајќи ја вратата за нова ера на просперитет“, нагласи Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Побарана одговорност за израелскиот геноцид во Газа на протест во Шведска

Следно

Уапсен Раде Трајковски – Штекли, се сомничи за трговија со дрога

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop