Ердоган – Рама: Туркије и Албанија се членки на НАТО кои имаат улога во зачувувањето на мирот на Балканот

February 21, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије и Албанија се членки на НАТО-сојузот кои имаат улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот на Балканот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Во турскиот главен град Анкара, Ердоган одржа прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, кој престојуваше во еднодневна посета на Туркије.

Ердоган, исто така, истакна дека Албанија застанала на вистинската страна на историјата за време на гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации (СБОН) изминатиот декември за итниот хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој ја нагласи важноста на „солидарноста на Албанија со угнетениот палестински народ“ кој е изложен на израелските напади врз Газа повеќе од четири месеци, во кои се загинати околу 30.000 луѓе.

Ердоган се осврна и на терористичката организација ФЕТО, која го организираше неуспешниот државен удар во Туркије во 2016 година.

„Нема да ѝ дадеме можност на таа злобна мрежа која се обидува да ги затруе нашите односи, ќе ја продолжиме нашата борба против нив“, порача турскиот претседател.

Ердоган истакна дека Туркије го има зголемено обемот на трговска размена со Албанија на една милијарда долари, и дека сега настојува да го удвои на две милијарди долари.

Албанскиот премиер Рама ги коментираше израелските напади на Појасот Газа, велејќи дека е време за прекин на огнот, дека заложниците мора да бидат ослободени и дека Туркије е незаменлив актер во постигнувањето решение.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ го повика на разговор рускиот дипломат во Брисел

Следно

ЕК додели 83 милиони евра за поддршка на цивилите во Украина и Молдавија погодени од руската агресија

Latest from Blog

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник
Go toTop