Ердоган: Проектот Патот на развојот ќе придонесе за стабилноста на Ирак и целиот регион

May 8, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Проектот за Патот на развојот, предводен од Туркије и Ирак, ќе даде „значаен придонес“ за стабилноста и просперитетот и на Ирак и на целиот регион, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Мухамед Шиа ал-Судани во главниот град Анкара, јавува Анадолу.

Ердоган ја изрази желбата на Туркије за постигнување брз напредок по прашања како што е продолжувањето на испораката на нафта преку нафтоводот Ирак – Туркије.

„Ја потврдивме нашата одлучност да продолжиме со борбата против ПКК, ФЕТО и ДАЕШ, кои претставуваат закана не само за националната безбедност на Туркије, туку и за безбедноста на Ирак“, додаде Ердоган.

Во врска со тензиите меѓу Пакистан и Индија, турскиот претседател истакна дека Анкара работи на смирување на кризата пред да стигне „до точката од која нема враќање, и покрај напорите на некои да ја разгорат“.

Ирачкиот премиер Ал-Судани, од своја страна, рече дека Проектот за Патот на развојот претставува голема можност за зајакнување на интеграцијата помеѓу Туркије и Ирак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: САД и Велика Британија постигнаа епохален трговски договор

Следно

Делчев Тодев во Аргуент плус: Полицијата можела да ја запре забавата во дискотеката „Пулс“ во моментот кога евидентирале малолетници

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop