Ердоган призна дека по разорниот земјотрес помошта не пристигнала со посакуваната брзина

February 10, 2023
1 min read

Помошта „не пристигнува толку брзо како што се надевавме“, по првпат призна денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пет дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од 22.000 луѓе во Турција и Сирија.

– Разорувањето погоди толку многу згради… што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме, рече Ердоган за време на посетата на јужниот град Адијаман, погоден од катастрофата.

– Во тој период можеби имаше пропусти, технички проблеми, но ние сме со нашето население со сите наши ресурси, потенцира Ердоган.

Тој рече дека Турција го формирала можеби најголемиот спасувачки тим во светот со 141.000 спасувачи.

Турскиот претседател, кој е на власт 20 години и сака да остане на функцијата по изборите закажани за 14 мај, уште во средата призна дека имало „неуспеси“ во одговорот на земјотресот, додавајќи дека е „невозможно бидете подготвени за таква катастрофа“.

Преживеаните во погодените територии силно го критикуваат шефот на државата за бавната испорака на помошта.

Најмалку 19.000 тела беа пронајдени во урнатините за време на петдневната потрага во веќе најразорниот земјотрес што ја погодил Турција од 1939 година, кога загинаа 33.000 луѓе.

Турција во понеделникот беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени. Подоцна следеа земјотреси со помала јачина.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Герасимовски: Со одлична динамика се одвива изградбата на градинката „Пролет“

Следно

Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии

Latest from Blog

Васил Јованов ќе одговара пред суд откако смртно ја прегази на Фросина Кулакова

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, кој е осомничен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди на 29 јануари

Трамп: Украинскиот Кримски Полуостров „ќе остане со Русија“ при мировен договор

ВАШИНГТОН (АА) – Украинскиот Кримски Полуостров „ќе остане на Русија“ како дел од евентуален договор за прекин на војната на Кремљ против нејзиниот источноевропски сосед, истакна американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Анадолу.

Колекцијата на МСУ-Скопје ја одушеви публиката во Љубљана

Во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова (МГ+МСУМ) во Љубљана, Словенија синоќа беше отворена големата изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“ со уметнички дела од 87 автори од колекцијата на
Go toTop