Ердоган победи на претседателските избори, потврди Изборната комисија на Турција

May 28, 2023
1 min read

Прелиминарните резултати од 99,4 отсто обработени гласови говорат дека Ердоган го победи Киличдароглу со околу 2,2 милиони гласа разлика. Претседателот на Изборната комисија на Турција соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто од гласовите

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори и е реизбран за претседател на Република Турција во наредните пет години.

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Ова вечерва го соопшти претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер, офцијално објавувајќи ги прелиминарните резултати од речиси сите преброени гласови од вториот круг од изборите.

Претседателот на Изборната комисија, кого го цитира Би-би-си, соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто со речиси сите преброени гласачки ливчиња во вториот круг од изборите.

Прелиминарните резултати говорат дека Ердоган го победи Киличдароглу со околу 2,2 милиони гласа разлика.

Според досега обработените 99,4 отсто од вкупниот број на гласачки ливчиња, актуелниот претседател на Турција освоил 27 513 587 гласови, а неговиот опозициски противкандидат освоил 25 260 109 гласа.

Ердоган ја прогласи победата на претседателските избори уште пред Врховната изборна комисија на Турција да го соопшти официјалниот изборен резултат.

Тој им се обрати на своите приврзаници, кои во голем број се собраа пред неговата резиденција во Истанбул, заблагодарувајќи им се што му ја дале одговорноста да владее во следните пет години.

Откако пееше качен на автобус, тој ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“, а својот противкандидат Кемал Киличдароглу го поздрави со зборовите „Збогум Кемал“.

Меѓу првите кои му ја честитаа победата беа унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот претседател Александар Вучиќ, но и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон со честитка до Ердоган за реизборот: „Ќе продолжиме да одиме напред заедно“

Следно

Најважното видео што ќе го видите оваа година

Latest from Blog

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство. „Една од новините што ги предвидува Програмата

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на

Американец избодел до смрт деветгодишно девојче- на суд тврди дека „го контролирала НАСА“

Скебас ја нападнал малата Лилија Валутите додека таа си играла на улицата пред продавницата за вез на нејзината мајка во центарот на Бостон на 28 јули 2022 година. Во срцепарателна изјава прочитана

Трипуновски: Го пуштаат Филипче низ вода – да работеа СДСМ домаќински, немаше да остават неисплатени субвенции

Решени сме да воведеме ред и да поставиме една јавна дистинкција меѓу оние кои работат и произведуваат со оние кои манипулираат, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Наткаст“ на КУРИР со
Go toTop