Дешамп: Свесни сме дека ова може да биде најспектакуларниот натпревар на турнирот

July 14, 2026
1 min read
ФОТО: Équipe de France de Football/FB

Гигантите на светскиот фудбал, Шпанија и Франција, вечерва ќе се борат во Далас за место во финалето на Светското првенство. Судирот ќе биде помеѓу актуелните европски шампиони и актуелните светски вицешампиони, а тензијата расте секој час.

Ова е емотивен турнир за Дидие Дешамп, бидејќи тој ја напушта клупата на Франција по 14 години. Победата би му обезбедила на неговиот тим трето последователно финале на Светското првенство.

Иако Шпанците ги елиминираа во полуфиналето на Евро 2024 и ја освоија Лигата на нации минатата година, Дешамп вели дека тоа не е важно.

„Минатото е минато. Шпанија победуваше и претходно, но со нетрпение го очекувам меч. Сега сме на друго ниво и го сакаме тоа финале“, беше јасен Дешамп.

Францускиот тренер, кој го освои Светското првенство како играч во 1998 година и како тренер во 2018 година, верува дека навивачите ги очекува уживање.

„Знаеме дека ова може да биде најспектакуларниот натпревар на турнирот. И Луис и јас знаеме како да поставиме одбрана, но со оглед на напаѓачкиот квалитет на двата тима, имаме целосно право да веруваме дека нè очекува вистински спектакл.“

Главната напаѓачка сила на Франција повторно ќе биде капитенот Килијан Мбапе. Французите постигнаа 16 гола на турнирот, а Мбапе беше директно вклучен во 11 од нив – постигна осум гола и додаде три асистенции.

Доколку постигне гол против Шпанија вечерва, ќе го престигне Лионел Меси на листата на стрелци и ќе ја преземе водечката позиција во трката за Златната копачка. Сепак, шпанскиот табор вели дека се подготвени не само за него, туку и за други француски ѕвезди како што се Усман Дембеле и Михаел Олисех.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОЛКУ ЗАГУБИЛЕ АМЕРКИАНСКИТЕ БИЗНИСИ од санкциите проив Русија. Толку што барат нивно укинување

Следно

МБИ10 заврши во позитива – над 26 милиони денари промет на Македонската берза

Latest from Blog

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се

Реал блеска без Винисиус, Диоманде ќе го седне на клупа Бразилецот

Винисиус би можел да се соочи со сериозен проблем во Реал Мадрид. Бразилецот ја одработи првата од четирите средби суспензија против Севиља, а од трибините гледаше како неговите соиграчи убедливо победуваат и
Go toTop