Ердоган по посетата на Албанија и Србија: Туркије има длабоки историски и политички врски со балканските држави

October 12, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије е подготвена да го направи својот дел во осигурувањето на трајната стабилност и мирот на Балканот, јавува Анадолу.

Ердоган по официјалните посети на Албанија и Србија, разговараше со новинарите во авионот, велејќи дека средбите биле исклучително продуктивни и успешни.

Тој потсети дека за време на посетата на Албанија се сретнал со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, дека потпишале неколку договори за соработка и ја отвориле џамијата Намазѓа, најголемата на Балканот.

Додаде дека со премиерот Рама детално разговарал за прашањата поврзани со соработката во областа на одбранбената индустрија.

Ердоган потсети дека вчера се одржа четвртиот состанок на Советот за соработка на високо ниво во Белград, на покана на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Во оваа прилика ја потврдивме одлучноста за понатамошно развивање на постоечката соработка со Србија во сите области. Потпишавме 11 договори кои дополнително ќе ги продлабочат нашите односи. Разговаравме за чекорите кои треба да се преземат за да се постигне целта за трговска размена од пет милијарди долари“, рече Ердоган.

Истакна дека односите меѓу двете земји секој ден се сѐ посилни и поинтензивни.

„Србија само минатата година ја посетија повеќе од 200 илјади наши граѓани, а драго ни е што нашата земја ја посетија и речиси 400 илјади граѓани на Србија. Нашата цел е дополнително да го зголемиме бројот на туристи од двете страни со можност за патување со лична карта, на што веќе работиме“, рече Ердоган.

– Важноста на тристраниот механизам за соработка –

Турскиот претседател истакна дека се разговарало и за други важни прашања од регионот на Балканот.

„Уште еднаш ја истакнавме нашата поддршка за процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина. Истакнав дека сме подготвени да го направиме својот дел во осигурувањето на трајната стабилност и мирот на Балканот. Во тој контекст, исто така, го потврдив значењето што го придаваме на механизмот за трипартитна соработка на Туркије, Босна и Херцеговина и Србија“, рече Ердоган.

Порача дека посетата на земјите од балканскиот регион покажува дека официјална Анкара има своја улога во спречувањето на тензиите во тој регион.

„Етничките тензии на Балканот претставуваат многу сложена слика во однос на историската и политичката динамика. Туркије има длабоки историски, културни и политички врски со балканските држави. Овие врски бараат од Туркије да игра поактивна улога во осигурувањето на мирот и стабилноста во регионот“, рече Ердоган.

– Случувањата на Блискиот Исток –

Турскиот претседател потоа одговараше на новинарски прашања за случувањата на Блискиот Исток, особено во Газа и Либан.

Тој истакна дека Израел е „најдиректна закана за регионалниот и глобалниот мир“.

„Оние кои имаат должност да го зачуваат светскиот мир треба да стават крај на оваа закана. Геноцидот во Газа се спроведува пред сите нас и тоа е еден од историските срамови на човештвото“, рече тој.

Како што нагласи, секој што ќе застане на страната на „ционистичката терористичка организација наречена Израел ќе ги носи трагите на овој срам со генерации“.

„Соништата на Нетанјаху и неговата банда ќе се претворат во кошмар“, истакна турскиот претседател, додавајќи: „Палестина ќе биде слободна, Либан ќе остане слободен“

„Не смееме да ја игнорираме агресијата на Израел. Со нашата разузнавачка агенција ги држиме под контрола чекорите што Израел ги презеде и може да ги преземе против Туркије“, рече на крајот Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Серхио Рамос се враќа во Реал Мадрид?

Следно

МВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици

Latest from Blog

Украина тврди дека синоќа соборила 50 руски дронови

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина денес соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 50 руски дронови лансирани над земјата во синоќешните напади, пренесува Анадолу. Во соопштението на Украинските воздухопловни сили се тврди дека во

ФОТО: По 61 година ООУ „Наум Охридски“ доби училишна сала- решен проблемот на околу 200 деца

За мене денеска ова претставува посебно задоволство што сум овде во Општина Гази Баба, во ова населено место бидејќи тука започнавме практично и го поставивме камен темелникот пред неколку месеци, а сега

Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95%. Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на

Европската престолнина на културата за 2025 Кемниц во Германија, планира да пречека 2 милиони посетители

Источногерманскиот град Кемниц и градовите Нова Горица и Горица од двете страни на италијанско-словенечката граница ја презедоа диригентската палка како европски престолнини на културата за 2025 година. Официјалното предавање се случи во

Тутунарите бараат да се зголеми откупната цена на тутунот во пресрет на откупот

Да се интензивира откупот на тутунот и со анекс во договорите да се зголеми откупната цена и просечно да изнесува околу 420 денари, побара Сојузот на тутунските здруженија на средбата со откупувачите
Go toTop