Ердоган: Оние кои го учат светот за човекови права не реагираат на убивањето бебиња во Газа

March 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека оние кои држат лекции за човековите права и слободи низ светот сѐ уште молчат за масакрите во Газа, јавува Анадолу.

Ердоган присуствуваше на ифтарска вечера во Истанбул, каде што имаше свое обраќање.

„Никој од оние кои го учат светот за човековите права и слободи сè уште не реагира на ужасното убивање бебиња во нивните лулки во Газа“, рече турскиот претседател.

Тој нагласи дека Туркије спроведува повеќестрани дипломатски напори за повторно воспоставување на прекинот на огнот и ставање крај на масакрот во Газа.

Инаку, денес шест деца се убиени од вкупно 21 Палестинци во израелските напади врз енклавата.

По прекршувањето на договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од страна на Израел во вторникот, убиени се над 700 Палестинци, а повеќе од 900 се повредени.

Од октомври 2023 година, речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 112.000 се повредени во израелските напади врз Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Миовски: Ова се одлични три бода и старт на квалификациите за СП

Следно

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop