Ердоган: Обидите на Израел да шири конфликти во регионот се екстремно опасни

September 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изрази жалење поради експлозиите на пејџерите во Либан, истакнувајќи дека обидите на Израел да шири конфликти во регионот се екстремно опасни, јавува Анадолу.

За време на телефонскиот разговор со либанскиот премиер Наџиб Микати, Ердоган изрази жалење за нападот преку пејџерите и упати молитви за оние што ги загубија животите, а на повредените им посака брзо закрепнување, се наведува во соопштението на турската Дирекција за комуникации.

Ердоган истакна и дека обидите на Израел да шири конфликти во регионот се екстремно опасни и дека ќе продолжат напорите за запирање на израелската агресија.

Вчера најмалку девет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во масовна експлозија на пејџери – уреди за комуникација, во различни делови на Либан, истакна либанскиот министер за здравство Фирас Ал-Абиад.

Хезболах потврди дека најмалку двајца припадници загинале, а многумина се повредени во масовната експлозија и дека го смета Израел за целосно одговорен за инцидентот и вети „одмазда од подеднакви размери од неочекувани места“ на Израел.

Експлозиите на пејџерите се случија во време на зголемени погранични ескалации меѓу Израел и Хезболах, кои разменуваат прекуграничен оган од почетокот на смртоносната војна на Тел Авив во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година загинаа над 41.200 луѓе, главно жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рома го експресно го најде новиот тренер

Следно

Обвинети петнаесет лица од УЈП во предметот „Синџир“

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop