Ердоган: Обезбедивме да се продолжи Договорот за житниот коридор што истекува на 19 март

1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека обезбедиле да се продолжи Договорот за житниот коридор на Црно Море, кој истекува утре, јавува Анадолу.

„По разговорите со двете страни обезбедивме да се продолжи Договорот што истекува на 19 март“, рече Ердоган на церемонија во Чанаккале.

Ердоган им се заблагодари на Русија, Украина и на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за нивните напори уште еднаш да го продолжат Договорот.

„Овој Договор, со кој до денес се обезбеди испорака на 25 милиони тони жито на светските пазари со повеќе од 800 брода, е од витално значење за стабилноста на глобалното снабдување со храна“, додаде турскиот претседател.

Од друга страна, украинскиот министер за инфраструктура, Олександр Кубраков, рече дека Договорот се продолжува за 120 дена.

„Благодарност до Антонио Гутереш, претседателот Ердоган, турскиот министер (за национална одбрана) Хулуси Акар и сите наши партнери што се придржуваа до договорите. Поради нашите заеднички напори, 25 милиони тони украинско жито се испорачани на светските пазари“, напиша тој на Твитер.

Минатиот јули Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

„Блиц“: Екстремисти планираат улични протести во Србија

Следно

Путин ненадејно го посети Крим еден ден откако беше издаден налогот за негово апсење

Latest from Blog