Ердоган: Ниедна сила не може да ги принуди жителите на Газа да ја напуштат својата вечна татковина

February 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека ниту една сила не може да ги натера жителите на Газа да ја напуштат својата вечна татковина, бидејќи Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим им припаѓаат на Палестинците, јавува Анадолу.

„Никој нема моќ да ги отстрани жителите на Газа од нивната вечна татковина, која постои илјадници години. Палестина, вклучувајќи ги Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, им припаѓа на Палестинците“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул пред заминувањето во посета на Малезија.

Предлозите на американската администрација за Газа, дадени под притисок на ционистичкиот режим, не се вредни за дискусија, рече Ердоган, мислејќи на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците.

Ердоган, исто така, го пофали Хамас за исполнувањето на своите ветувања во тековната размена на затвореници со Израел, и покрај израелските обиди за поткопување на процесот.

Во однос на ситуацијата во Сирија, Ердоган рече дека со откривањето масовни гробници во различни делови на Сирија, се разоткрива крвавото лице на режимот на Асад.

Турскиот претседател изрази надеж за стабилност на Сирија под раководство на претседателот Ахмед ал-Шара, истакнувајќи дека земјата наскоро ќе најде мир.

Нема место за терористички организации во Сирија, рече Ердоган и додаде дека сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ќе се бори против тие организации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Д-р Гроздановска, Клиничка биохемија: Нови методи во 2025 година – обезбеден е поголем буџет за речиси 50 отсто во соработка со ФЗОМ

Следно

Предлози на СДСМ: Заострувањето на казните за најтешките прекршоци во сообраќајот коишто дури ќе вклучуваат и одземање на возилото

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop