Ердоган: „Ние никогаш не ги оставивме луѓето сами и на улица“

February 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, даде изјава за време на неговата посета на шаторската населба на градскиот плоштад Кајапинар Селахатин Ејуби во Дијарбекир, известува Анадолу.

Во врска со земјотресот со епицентар во областа Кахраманмараш, претседателот Ердоган рече: „Тој е 3 пати поголем и 3 пати поразорен од земјотресот во 1999 година, кој во нашите сеќавања е најголемата катастрофа на нашата земја. Овој земјотрес, кој е опишан како „катастрофа на векот“, иако се почувствува на површина од речиси 1.000 километри, всушност неговата моќ предизвика уништување на површина од 500 километри.“

Претседателот Ердоган во своето обраќање зборуваше за најновата бројка на загинати, информирајќи: „Во земјотресите на југот од Туркије загинаа 21.848 лица, а спасени се 80.097 повредени. Во подрачјата погодени од земјотресите, заедно со екипите од други земји, активни се 160.000 спасувачи, медицинари и друг персонал.“

На луѓето во подрачјата зафатени од земјотресот, Ердоган им порача: „Ние никогаш не ги оставивме граѓаните сами и на улица. Можете во потполност да ни верувате, сите државни ресурси се мобилизирани.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

(ИСПРАВКА) Ковачевски, сепак, предложил разрешување на министрите и замениците од Алтернатива

Следно

Тежок ден за тетовските пожарникари: Утрово од урната зграда во Турција извадиле дваесетина загинати

Latest from Blog

Се враќа Роки, но без Сталоне- прв пат се појави актерот што ќе го замени (ВИДЕО)

Студиото Amazon MGM ја откри првата фотографија од актерот Ентони Иполито, познат по серијата „Понудата“, во улогата на младиот Сталоне во филмот „Јас го играм Роки“. Станува збор за биографска драма што

По жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД

Ла Лига го потврди откажувањето на натпреварот Виљареал – Барселона кој требаше да се одигра во САД. Во соопштението објавено, Ла Лига вели дека по разговорите со организаторот на официјалниот натпревар во

Брзото губење на заби кај повозрасните може да биде предупредувачки знак

Нова студија објавена во списанието Science Alert открива значајна врска помеѓу брзината на губење на забите во постара возраст и зголемениот ризик од смрт. Истражувањето укажува дека губењето на заби не е

Ѓорѓиевски и Митески разговараа за идеите, потребите и визијата за достоинствен Аеродром

Заедно со Орце Ѓорѓиевски, остваривме искрени и топли средби со граѓаните на неколку локации низ Аеродром – зад Капитол, на Детската улица во Ново Лисиче и во Парк Бановина, истакна кандидатор за
Go toTop