Ердоган: Нема да дозволиме терористичките барони од северен Ирак и Сирија да нѐ оттргнат од нашиот пат

December 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Нема да дозволиме терористичките барони од северот на Ирак и Сирија, ниту оние кои управуваат со овие предавници, да нѐ оттргнат од нашиот пат, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Во врска со борбата на Туркије против терористичката организација ПКК, Ердоган на свеченото отворање наод втората писта на Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул рече: „Нема да им дозволиме на терористичките барони од Кандил и Сирија, ниту на оние кои управуваат со овие предавници, да нѐ оттргнат од нашиот пат.“

Тој нагласи дека апсолутно нема да дозволи никаква штета на братството од 85-милиони.

„Стара Туркије, каде што политиката беше обликувана од тероризмот, сега е минато. Ги знаеме вашите амбиции, точно знаеме кои сте. Сè додека ни дозволуваат нашите животи и со непоколебливата поддршка на нашата ценета нација, ние ќе продолжиме да се бориме со вас“, рече Ердоган.

Од терористичките напади на ПКК минатата недела, во кои загинаа 12 војници, турските воздушни напади уништија десетици терористички цели во северен Ирак и Сирија, неутрализирајќи многу терористи.

По терористичкиот напад во северен Ирак, Туркије ја потврди својата решеност да се бори и да го елиминира тероризмот од неговиот извор.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-Катанец“ во април 2022 година, а цел се засолништата на терористичката организација ПКК во регионите Метина, Зап и Авасин-Басјан во северен Ирак, кои се наоѓаат во близина на турската граница.

ПКК е сепаратистичка организација која е наведена како терористичка организација во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Престижна награда и признание за ЕУРОМАК БРОКЕР за исклучителен придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

Следно

Koвачевски не знае како Курти ќе учествува на изборите во Македонија

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop