Ердоган: „Не може повеќе да се одложува формирањето палестинска држава со територијален интегритет“

February 12, 2025
1 min read

БОГОР (АА)

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на прес-конференцијата со претседателот на Индонезија, Прабово Субјанто, истакна дека создавањето палестинска држава со територијален интегритет врз основа на границите од 1967 година не може повеќе да се одложува, известува Анадолу.

Претседателот на Туркије се наоѓа во официјална посета на Индонезија, каде што беше пречекан со сите почести од страна на претседателот на оваа земја, Прабово Субјанто.

По свечената церемонија двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба и средба на делегации. Претседателот Ердоган и Субјанто претседаваа со Првиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу двете земји по што се одржа церемонија на потпишување 12 договори во различни области.

Туркије и Индонезија потпишаа договори во областа на веронауката, енергетиката, здравството, одбраната, трговијата, земјоделството, инвестициите и други полиња.

По завршувањето на потпишувањето на договорите двајцата претседатели одржаа заедничката прес-конференција.

Зборувајќи за односите меѓу Туркије и Индонезија, претседателот Ердоган го рече следното:

„Разговаравме за работите што можеме да ги направиме за да ја зголемиме нашата трговска размена (Туркије – Индонезија) на ниво од 10 милијарди долари и да ја урамнотежиме.“

Турскиот претседател во својот говор се осврна и на палестинското прашање, потенцирајќи: „Повеќе не може да се одложува формирањето суверена палестинска држава, со територијален интегритет врз основа на границите од 1967 година и со главен град Источен Ерусалим.“

„И другите земји во регионот не можат да најдат стабилност додека Газа и Палестинците не најдат мир“, рече претседателот Ердоган.

Турскиот претседател го пофали ставот на Индонезија кон Палестина и додаде дека Туркије ќе продолжи да работи заедно со Индонезија за обновата на Газа.

Зборувајќи за интензитетот на израелските напади врз Појасот Газа и разорувањата што ги оставија зад себе, претседателот Ердоган истакна:

„Вкупната штета предизвикана од 15-месечните напади на Израел се приближува до 100 милијарди долари. Принципот во законот е да се наплати штетата од сторителот.“

– Субјанто: „Посветени сме на зајакнување на партнерството меѓу Индонезија и Туркије“

Од друга страна, во својот говор, претседателот на Индоензија, Прабово Субјанто, ја истакна посветеноста на неговата земја за зајакнување на партнерството меѓу двете земји.

„Индонезија и Туркије имаат вековни односи и нашата врска е многу силна уште од отоманскиот период“, рече Субјанто.

„Сакаме да дадеме поголема поддршка во напорите за соработка во одбранбената индустрија меѓу Индонезија и Туркије“, рече претседателот Субјанто и нагласи дека се решени да го зајакнат партнерството меѓу Индонезија и Туркије.

Во своето обраќање Субјанто посочи дека 2050 година е многу важна пресвртница на подготовките за 100-годишнината од партнерството меѓу Индонезија и Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костов: Коцевски е воден од сиви и црвени еминенции, таков јавен обвинител не и е потребен на Македонија

Следно

Гвардиола: Знам која е причината за поразот од Реал Мадрид

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop