Ердоган: Нашата земја заврши уште еден „фестивал на демократијата“ со изборите од 14 мај

May 15, 2023
1 min read

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во своето традиционално обраќање по изборите истакна дека неговата земја заврши уште еден „фестивал на демократијата“ со изборите од 14 мај, јавува Анадолу.

Во обраќањето пред граѓаните пред седиштето на АК Партија (Партија на правдата и развојот) во Анкара, турскиот претседател Ердоган рече дека иако резултатите сѐ уште не се конечни, тие се во голема предност.

„Надвор од бројките што ќе ги покажат изборните табели, победникот несомнено е нашата земја и нашиот народ“, нагласи Ердоган.

Меѓу другото, Ердоган истакна дека постигнале една од најголемите бројки на излезност во историјата на Туркије, без преседан во светот.

„Веруваме дека овој круг ќе го завршиме со над 50 отсто од гласовите“, рече тој.

„Во текот на нашиот политички живот, без исклучок, ја почитувавме волјата на народот. Ја почитуваме и на овие избори, ќе ја почитуваме и на следните избори“, додаде турскиот претседател.

Што се однесува до гласовите за парламентарни избори, Ердоган истакна дека Народната алијанса го освои парламентарното мнозинство.

Граѓаните на Туркије на 14 мај гласаа на претседателските и парламентарните избори и избираа меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а првпат имаа можност да гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.

На следниот линк можете да ги следите резултатите од претседателските и парламентарните избори во Туркије: https://secim.aa.com.tr



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ: На 26 мај ќе соопштам на народот, изборите ќе се одржат најдоцна во септември

Следно

Видео: МВР отвори предмет за полицаецот кој со пендрек го удри Талески

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop