Ердоган ќе се состане денес со Штајнмаер во претседателскиот комплекс во Анкара

1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ќе се состане со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, јавува Анадолу.

Ердоган ќе го прими Штајнмаер во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, каде што ќе разговараат за билатералните односи од сите аспекти и за натамошниот развој на соработката меѓу двете земји.

Двајцата лидери ќе разговараат за неодамнешните регионални случувања, вклучително и израелската војна против Газа и руско-украинската војна.

Се очекува претседателите да разменат мислења и за односите меѓу Туркије и ЕУ и глобалните прашања.

Штајнмаер, кој во понеделникот пристигна во Истанбул како дел од неговата официјална посета на земјата, по повод одбележувањето 100 години дипломатски односи, ја посети и јужната област Газиантеп за да изрази солидарност со жителите кои преживеаја силни земјотреси на почетокот на 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Во живо Претседателски избори – прв круг

Следно

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Latest from Blog