Ердоган ја потврди решеноста за зајакнување на односите со Израел

March 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа телефонски разговараше со израелскиот претседател Исак Херцог за билатералните односи, соопшти Дирекцијата за комуникации, јавува Анадолу.

Според соопштението издадено од турската Дирекција за комуникации, Херцог му го честитал на Ердоган претстојниот свет муслимански месец Рамазан, додека пак Ердоган му го честитал на Херцог еврејскиот празник Пасха.

Заблагодарувајќи се на Израел за неговата солидарност и поддршката по минатомесечните разорни земјотреси во јужна Туркије, Ердоган, исто така, ја потврди решеноста на Анкара да ги зајакне односите.

„Ердоган понатаму ја пренесе својата ‘длабока загриженост’ поради зголемените напади и акти на насилство на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.

Турскиот претседател ја нагласил важноста да не се дозволат провокации и закани против историскиот статус и духовноста на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека Ердоган му се заблагодарил на Херцог за неговите напори да ја зачува смиреноста и статус кво ситуацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бахмут уште трае и троши

Следно

УНИЦЕФ: Во Пакистан 10 милиони луѓе се уште немаат вода за пиење поради минатогодишните поплави

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop