Ердоган: „Израел оди кон меѓународна изолација“

December 15, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел сега оди кон меѓународна изолација, тренд што во наредните денови само ќе расте, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Говорејќи за новинарите по петочната молитва во Истанбул, Ердоган рече дека за време на вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден опширно разговарале за случувањата во Газа, при што Ердоган му рекол на Бајден дека сега е време Соединетите Американски Држави (САД) да интервенираат.

Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Досега во израелските напади врз Газа загинати се најмалку 18.787 Палестинци, а 50.897 се повредени, според податоците на здравствените власти на Газа.

Според официјалните податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200, а 135 заложници сè уште се држат од палестинските групи во Газа.

Турскиот претседател, во однос на американската продажба на борбените авиони Ф-16 на Туркије, рече дека Бајден му кажал дека има „позитивни изгледи“ за ова прашање и дека е подготвен да го претстави својот предлог пред Конгресот.

По долготрајниот процес за купување на најновиот модел на Ф-16 и комплетите за надградба за постарите модели, Ердоган предложи Туркије и САД да се движат кон одобрувањето на продажбата на Ф-16 и кандидатурата за членство на Шведска во НАТО во исто време.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oпозициски партии на Албанците добиваат место во ДИК

Следно

Во Скопје: Пронајдени двете девојчиња од струшко што беа пријавени дека се оддалечиле од домот

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop