Ердоган: Двата земјотреса во февруари 2023-та предизвикаа финансиска загуба за Туркије од 104 милијарди долари

February 6, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – „Катастрофата на векот“ директно предизвика финансиска загуба на Туркије од 104 милијарди долари, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со двата земјотреси кои на 6 февруари 2023 година погодија делови на Туркије, јавува Анадолу.

„Катастрофата на векот“ предизвика сериозна директна финансиска загуба од 104 милијарди долари за нашата земја и индиректна загуба од 150 милијарди долари“, рече Ердоган за време на комеморативната програма по повод земјотресите во турската југоисточна област Адијаман.

„До крајот на годината ќе изградиме вкупно 453.000 станбени единици, и ќе се погрижиме ниту еден граѓанин да не остане без дом или работно место“, додаде тој.

„Во зоната на земјотресите презедовме огромни напори за обнова и препород во рок од само две години, размер со кој речиси ниту една земја во светот не можеше да се справи“, истакна тој.

Единаесет турски области, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа, беа погодени од земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени во февруари 2023 година.

Во земјотресите загинаа најмалку 53.537 луѓе, над 107.000 беа повредени, а големите потреси влијаеа на животите на над 14 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РФМ: Темелковски не е починат

Следно

Болницата 8ми септември ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Велес и Куманово

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop