Ердоган до Руте: Турција работи на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина

April 22, 2026
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема одговорност за трансатлантската безбедност, пренесе агенцијата Анадолија.

За време на денешната средба во претседателската палата „Бештепе“ во Анкара, која се одржа зад затворени врати, двајцата соговорници направија сеопфатен преглед на подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара на почетокот на јули.

Ердоган нагласи дека одржувањето на трансатлантската врска е од исклучително значење и дека Турција очекува европскиот столб на Алијансата да преземе поголема одговорност. Тој подвлече дека исклучувањето на европските сојузници кои не се членки на ЕУ од одбранбените иницијативи на Унијата нема да придонесе кон таа цел.

На средбата присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и главниот советник Акиф Чагатај Килич. Руте претходно, при посетата на компанијата „Аселсан“, увери дека Алијансата секогаш ќе го прави неопходното за да ја заштити Турција.

– Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Изминатите недели НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети насочени кон Турција – потсети Руте, додавајќи дека Алијансата е подготвена за вакви ситуации, особено во контекст на тензиите во поширокиот регион кај Ормуската Теснина и Блискиот Исток.

На самитот во јули се очекува учество на околу 6.000 претставници во време на зголемени глобални конфликти. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Следно

Kuvendi miratoi vendimin e Qeverisë për dërgimin e 32 ushtarëve në mision paqeruajtës ALTHEA në BeH

Latest from Blog

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop