Ердоган – Алиев: Неодамнешната победа на Азербејџан во Карабах е извор на гордост

September 25, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Успешното завршување на неодамнешната операција и победата на Азербејџан во Карабах предизвикува гордост, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Брзото и успешно завршување на операцијата со исклучително почитување на правата на цивилите е причина за гордост за нас“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција по средбата со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев.

Ердоган денес престојува во еднодневна посета на азербејџанската ексклава Нахчиван на покана на Алиев за да разговара за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, особено за неодамнешните настани во Карабах.

„Од срце ѝ честитам на победничката азербејџанска Армија и за нејзиниот историски успех и за нејзиниот хуман однос кон цивилите“, рече Ердоган.

Минатата недела, по провокациите на ерменските сили во Карабах, Азербејџан соопшти дека започнал антитерористички активности во регионот за да го поддржи трилатералниот мировен договор со Русија и Ерменија од 2020 година. По 24 часа беше постигнат прекин на огнот во регионот.

„Со последната победа се отворија нови прозорци на можности за сеопфатна нормализација во регионот“, рече Ердоган, велејќи дека очекува Ерменија да преземе искрени чекори за стабилност во регионот.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев им се заблагодари на турскиот претседател Ердоган и на Туркије за поддршката.

„Со меѓусебната поддршка, регионалните прашања ги насочуваме во вистинска насока. Сакаме мир и стабилност во регионот, а не војна“, рече Алиев, додавајќи:

„Декларацијата од Шуша ги подигна нашите односи (со Туркије заб. ав.) на ново ниво, денес тие се на највисоко ниво. Сведоци сме на најактивниот период од нашите односи во сите области.“

Во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган започна изградбата на гасоводот од турски Игдир до азербејџанската ексклава Нахчиван.

Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија започнаа во 1991 година кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и уште седум соседни региони.

Есента 2020 година, Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменската окупација во текот на 44-дневните судири. Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија.

Тензиите меѓу двете земји, сепак, продолжуваат и покрај тековните разговори за долгорочен мировен договор.

Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан треба да се состанат на 5 октомври во шпанскиот град Гранада за да разговараат за потпишувањето на мировниот договор меѓу двете земји.

Туркије беше првата земја што го призна Азербејџан, кој ја прогласи својата независност во 1991 година. Нејзините односи со Баку се повеќеслојни и на стратешко ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград отворен Меѓународниот саем за оружје „Партнер 2023“

Следно

Пронајдено безживотното тело на 41-годишно лице од село Шишево

Latest from Blog

Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович мора веднаш да го исполни своето ветување да искористи 2.500.000.000 фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи за

СДС во внатрепартиска криза, по изборот на старо новото раководство на двоецот Заев-Филипче следат оставки и барања за повлекување на Филипче

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДС на предлог на Заев а поддржан од Филипче, избра старо ново раководство, но во истиот момент започнаа и реакциите од општинските организации на СДС низ Македонија, летатат оставки

ВЛЕН: Настапот на Фетаи во Доха ја потврди посветеноста за вистинска борба против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН ја оценува присутноста на вицепремиерот Арбен Фетаи во Доха, во рамки на CoSP11 – Конференцијата на Обединетите нации против корупцијата, како доказ за сериозно и суштинско претставување на државата на

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката
Go toTop