Епл го избра моделот на ВИ на Гугл, Џемини, за новата генерација на асистентот Сири

January 12, 2026
1 min read

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири.

Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл на повеќе од четири билиони долари. Оваа соработка ќе се фокусира на радикално унапредување на асистентот на Епл, Сири, чија нова верзија се очекува подоцна оваа година, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Епл истакна дека по внимателна евалуација било заклучено дека технологијата на Гугл ја обезбедува вистинската основа за она што фирмата од Купертино сака да го постигне.

– Возбудени сме поради иновативните искуства кои Џемини ќе ги овозможи за нашите корисници, се наведува во официјалното соопштение на Епл.

Гугл кон крајот на минатата година го претстави новиот модел Џемини 3 (Gemini 3), модел кој постави нови стандарди во брзината и прецизноста, што очигледно беше пресуден фактор за раководството на Епл.

Со овој договор, Епл прескокнува години самостоен развој и директно имплементира докажано решение, додека Гугл добива пристап до стотици милиони корисници на ајфон ширум светот, наведува американската медиумска куќа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 12 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Временска прогноза за утре и следните денови

Следно

Трамп: Земјите што соработуваат со Иран ќе платат веднаш царина од 25%

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop