Епидемијата за големата кашлица се сели низ градовите

March 26, 2024
1 min read

Се гледа ли крајот на епидемијата? Во Скопје големата кашлица го достигна својот врв, но сега почна да се шири и надвор од главниот град, каде се очекува пораст на бројките, оценуваат дел од епидемиолозите.

Д-р Олумчев за ТВ 24 вели дека иако опфатот на вакцинација е поголем во периферијата, сепак тоа не е доволно за колективен имунитет. 

Дополнителниот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, денеска од Штип истакна дека градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица, но упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита. 

Но, можна ли е нова епидемија со морбили? Она што треба сериозно да не загрижува е ситуацијата со морбилите, кои буквално ни “тропаат на врата“, вели д-р Олумчев, според кој можното, а најверојатно прелевање на мали сипаници од регионот е резултат на нискиот опфат со вакцината против морбили, а бидејќи сите држави на Балканот сме поврзани и иако имаме граници, сепак болеста не познава граници, па токму затоа ни се случи и големата кашлица.

Инаку, според последните податоци од Институот за Јавно Здравје во периодот од 15-21.март пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, од кои 9 се хоспитализирани. Од нив најголем дел се од Скопје, а пријавени случаи има и во Куманово, Битола, Тетово, Дебар и Струга. Најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откриено зошто бродот удрил во мостот во Балтимор

Следно

Приватните специјализанти ќе протестираат пред Здравство: Покачување на месечниот надоместок…

Latest from Blog

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп, каде лично им го честиташе празникот на полициските

Шилегов: „Предметот ‘Пулс’ ќе трае најмалку уште седум години“

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој е дел од одбраната во случајот „Пулс“, во интервју за „Фокус“ упати сериозни критики кон обвинителниот акт, оценувајќи дека е правно неиздржан, преобемен и поставен на
Go toTop