Енсхеде – холандскиот град кој привлекува внимание со својата историја, култура и страст кон фудбалот

October 8, 2024
1 min read

ЕНСХЕДЕ (АА) – СУХА ЃУР –

Градот Енсхеде, кој се наоѓа на истокот на Холандија, го привлекува вниманието со својата историја, култура и страст кон фудбалот, пишува Анадолу.

Енсхеде се наоѓа во близина на границата со Германија и е најголемиот град во регионот Твенте со население од приближно 200.000 жители.

Градот со богата историска текстура и модерен живот, познат е по текстилната индустрија која е негово историско наследство и по современиот универзитетски градски идентитет.

Домаќин на различни фестивали во текот на годината, Енсхеде нуди енергична култура и уметничка атмосфера.

Универзитетот Твенте, лоциран во овој град, се истакнува на полето на образованието и технологијата благодарение на големиот број странски студенти и иновативните истражувачки проекти кои го прават градот уште подинамичен. Од тој аспект, Енсхеде претставува важен образовен центар не само на локално, туку и на меѓународно ниво.

Со сите овие карактеристики, Енсхеде се издвојува како еден од градовите во Холандија кои вреди да се истражат поради неговата историска текстура, културна разновидност и модерен живот.

– Интерес предизвикува неговата архитектура –

Покрај многубројните специфичности, на посетителите им се допаѓа Енсхеде и поради неговата архитектура.

Гроте Керк, најистакнатата градба на градот, се наоѓа на плоштадот и е место кое е во центарот на вниманието на секој посетител.

Енсхеде им нуди на љубителите на природата единствено искуство со своите големи паркови, зелени површини и патишта погодни за велосипеди.

Езерото Рутбек, сместено во близина на градот, благодарение на своите импресивни природни убавини, е претпочитано од туристите за пливање и спортови на вода во летните месеци.

– Фудбалот во Енсхеде –

Во светот на фудбалот, Енсхеде се издвојува како град кој се идентификува и според клубот Твенте.

Основан во 1965 година, Твенте е еден од најстарите клубови во Холандија.

Фудбалскиот клуб го претставува градот Енсхеде и на национално и на меѓународно ниво, формирајќи голема фудбалска култура.

Твенте, кој својот најголем успех во историјата на клубот го постигна освојувајќи ја шампионската титула во холандското првенство во сезоната 2009-2010, е меѓу тимовите на врвот во фудбалот во оваа земја.

Стадионот Твенте, со капацитет од 30.000 луѓе, на кој клубот ги игра своите натпревари, го привлекува вниманието не само како фудбалско игралиште туку и како важен симбол на градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Андоновска на состанок со координаторот на центар за итни случаи на СЗО за Балканот

Следно

Манев: Не потценуваме никого, но и ние ја гледаме нашата шанса

Latest from Blog

Тошковски за дојавите за бомби во училиштата: Испратени се од привремени емаил адреси кои се бришат еден час по испраќањето

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека дојавите за бомби, упатени кон училишта низ земјата минатиот петок, биле испратени од привремени емаил адреси кои се бришат само еден час по испраќањето

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите

Ѓорѓиевски во 24 анализа: Мојата амбиција е да се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, но одлуката ќе биде според анкетите

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во 24 анализа рече дека неговите амбиции се да се кандидира за градоначалник на Град Скопје но како што кажа, одлуката

Тошковски: За пет дена, констатирани се 2 592 прекршоци – секој втор возач сторил прекршок

За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни

Земјотрес од 5,3 степени го погоди Санторини

Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 14 километри југо-југозападно од Аркесини, Аморгос, и со фокусна длабочина од 17 километри. Силен земјотрес од 5,3 Рихтер кај
Go toTop