Елмас: Пресреќен сум во Торино, но дали ќе останам не зависи само од мене…

April 9, 2025
1 min read

Елиф Елмас долго размислуваше во потрагата по нов клуб откако реши да го напушти Лајпциг, а изборот тоа да биде Торино се покажа како вистински потег за македонскиот репрезентативец.

Тој веќе постигна четири погодоци во дресот на „торинезите“ и е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А во вториот дел од сезоната, привлекувајќи го вниманието и на други италијански клубови кои сакаат да го откупат од Лајпциг на крајот од сезонава. Во најновата изјава за италијанските медиуми Елиф обелодени дека би сакал да остане во Торино, но и потенцираше дека тој самиот не може да донесе таква одлука.

„Сакав по секоја цена да се вратам во Италија, затоа долго размислував и на крајот го избрав Торино, среќен сум од направениот избор. Се враќам во топ-форма, играм подобро на секој нареден натпревар. Пресреќен сум во Торино, имаме одлична група на фудбалери и добар тренер, моја желба е да останам, но дали тоа ќе се случи не зависи само од мене. Клубот ќе треба да најде заеднички јазик со Лајпциг на оваа тема“, изјави Елмас.

Клаузулата за целосен откуп е поставена на 17 милиони евра, но претседателот на Торино, Урбано Каиро, најави дека ќе се обиде да ја намали оваа сума, но и дека преговорите со Лајпциг за Елмас ќе ги стартува дури по завршувањето на оваа сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Остануваме партнер на работниците и работодавачите

Следно

Цените на становите во Скопје скокнаа за 19,4% на годишно ниво

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop