Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на 60. Галичка свадба

July 11, 2023
1 min read

Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашните невеста и зет на јубилејното, 60. издание на „Галичка свадба“ кое ќе се одржи од 14 до 16 јули во Галичник, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура.

„Шеесет години традиција, шеесет години радост за враќање дома во родниот крај, шеесет години Галичка свадба – историскиот мост меѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современоста. Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Таа е вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите што ги чуваме со голема почит. Ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод претстојното одржување на традиционалната манифестација „Галичка свадба“.

Според Костадиновска-Стојчевска, на Петровден, писокот на зурлите и екот на тапаните ќе нѐ потсетат дека нашите традиции се живи и заштитени, а народот обединет околу своите културни вредности и обичаи.

фото: Министерство за култура

Секоја песна, секој танц, секоја шара на традиционалната облека, секој обред пренесува пораки за нашата историја, верувања и обичаи. Тоа се приказни што не смее да се загубат и да се заборават. Сево ова им нуди можност на младите да се поврзат со своите корени, да ги споделат нашите обичаи со посетителите, потврдувајќи колку сме горди на нашата култура и културни вредности, рече министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска им пожела долг и спокоен живот на младенците, а граѓаните ги покани да дојдат во Галичник на, како што рече, прославата на љубовта, традицијата и културата.

фото: Министерство за култура

Инаку, традиционално, почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен в сабота, 15 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени познатите свадбарски ритуали – „пречек на тапаните“ и „свекрвино оро“ – а ќе биде одиграно и „Тешкото“ – оро кое го симболизира испраќањето и пречекот на печалбарите, што била честа појава во овие краеви. Утрото в недела, 16 јули, ќе го одбележат традиционалните свадбени обичаи, а венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Галичник.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски се обрати пред почетокот на Самитот на НАТО во Вилнус

Следно

Џо е нешто нервозен

Latest from Blog

КАТАСТРОФАЛЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ ЗА СТАН ВО ДУБАИ, ова е почеток крајот ќе биде уште полош

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад, откако иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност по избувнувањето на конфликтот. Индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи

Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар, смета Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека мора многу да се вложува во армиските капациети. Треба да се обнови инфраструктурата, но неопходен е и стручен, квалификуван кадар – пилоти, техничари, механичари, доктори,…

Проданоски: Пожарот на депонијата кај Алинци е локализиран

Пожар избувна денеска околу 14 часот на градската депонија кај Алинци во Прилеп, по што на терен веднаш интервенирале повеќе служби и институции. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека веднаш по
Go toTop