Екстремно високите температури причина за смртта на 249 лица во Мексико

July 28, 2023
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Екстремно високите температури се причина за смртта на 249 лица во Мексико во последните четири месеци, пренесува Анадолу.

Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури како последица на климатските промени.

Во периодот од 19 март до 22 јули починале 249 лица како последица на екстремно високите температури. Термометрите во Мексико кон крајот на јуни покажуваа 45 Целзиусови степени.

Најголем број смртни случаи се регистрирани во Нов Леон, каде што животот го загубиле 100 лица.

Околу 92,4% од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед.

Мексиканската Влада препорачува често да се пијат најмалку 2 литра вода во текот на денот за да може полесно да се поднесат горештините и да не се излегува надвор доколку тоа не е неопходно.

Во истиот период минатата година 38 лица починаа од екстремни горештини во Мексико.

Националната метеоролошка служба (SMN) објави дека „ги доживеале најзашеметувачките денови во последните години“ во Мексико, каде што температурата надминувала 40 Целзиусови степени.

Светската метеоролошка организација (WMO) објави дека топлотниот бран постојано се зголемува и светот би требало да биде подготвен за поинтензивни топлотни бранови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шкупи и Левски ги очекуваат казни од УЕФА

Следно

Бензема дебитираше со гол за Ал Итихад

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop