Експлозија во Митровица, косовскиот министер тврди дека станува збор за освета поради апсењето неколкумина Срби

September 22, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Силна експлозија одекна синоќа во Северна Митровица, а косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечла го поврза случајот со неодамнешното апсење на тројца Срби осомничени за воени злосторства врз цивилното население во Косово, јавува Анадолу.

Рачна граната била фрлена во населбата Бошњачко мало, една од мешаните населби во Митровица на северот на Косово, каде што живеат и Срби и Албанци.

Свечла во објавата на социјалните мрежи рече дека вистината за злосторствата извршени за време на војната во Косово ќе биде откриена докрај, а фрлањето воени рачни бомби од криминални групи не може да ја попречува правдата.

Тој рече и дека надлежните единици на косовската полиција, по долг ангажман и со основани сомневања, уапсиле тројца државјани од српска националност за злосторства извршени врз цивилното население за време на војната во Косово, осомничени дека биле „соучесници во тортури, рани, убиства, депортации и масакри на Албанци во Вучитрн, околните села и затворот во Смрековница“.

„Во знак на револт против апсењето на овие лица, како порака до нашето правосудство и со цел да се тероризираат нашите граѓани, синоќа криминалните групи фрлија воена рачна бомба во Бошњачко мало“, напиша Свечла.

Косовскиот министер го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека го „инспирирал, поддржувал и наредил ова кривично дело“.

„Србија изврши геноцид на Косово. Србија на чело со Вучиќ не само што не го прифаќа овој факт туку ги велича воените злосторници. Доказ за нејзината непроменета позиција е самото планирање на чинот на фрлање на бомбата“, додаде косовскиот министер.

Свечла на крајот рече дека Косово „ќе биде правна држава, на еднакви граѓани, каде што еднаквоста и просперитетот ќе бидат гарантирани за сите“.

По повод овие апсења, кои на 20 септември ги изврши косовската полиција по налог на Специјалното обвинителство, реагираа партијата Српска листа, но и Канцеларијата за Косово во Владата на Србија. Како што наведоа, апсењата биле политички мотивирани.

На тројцата приведени Срби им е изречена мерка притвор од еден месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Следно

Русија тврди дека Украина извршила напад на штабот на Црноморската флота на Крим

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop