Русија тврди дека Украина извршила напад на штабот на Црноморската флота на Крим

September 22, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Украина денес извршила ракетен напад врз штабот на руската Црноморска флота во градот Севастопол на Крим, соопштија властите, пренесува Анадолу.

„Непријателот изврши ракетен напад врз штабот на (Црноморската) флота. Фрагмент падна во близина на театарот Луначарски“, соопшти гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, преку Телеграм.

„Службите за вонредни состојби се на местото на нападот, се собираат информации за жртви“, додаде тој.

„Можен е уште еден напад. Ве молиме не одете во центарот на градот. Не напуштајте ги објектите. Сите што се во близина на штабот на флотата, на звукот на сирената, одете во засолништата“, порача Развозаев.

Медиумите објавија дека голем број амбуланти возила се упатиле кон местото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија во Митровица, косовскиот министер тврди дека станува збор за освета поради апсењето неколкумина Срби

Следно

На гостиварката која го оставила бебето ќе и биде одземено родителското право

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop