Екс градоначалникот на Рилци се спогодил со обвинителството

January 14, 2025
1 min read

Македонците што се стекнале со пасош во рамки на аферата ќе може да ги задржат своите документи, но не се исклучува можноста да треба да платат казна, поради злоупотреба на постапката за вадење државјанство велат правните познавачи.

Откако поранешниот кмет на бугарското село Рилци Живко Чукарски ја призна вината за овозможување на скоро 250 македонци да добијат фиктивни адреси и добијат бугарски пасош. За овој документ се давало по 1000 евра за македонците додека пак граѓани на Косово плаќале и до 5000 евра.

Чукарски по склучената спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград кое кон средината на октовмври лани покрена обвинение доби 18 месеци условна затворска казна како и парична гаранција од 5000 лева.

– Во регионалниот Благоевградски суд е поднесен обвинителен акт против Ж.Ч кој сторил кривично дело во период од 04 06 2015 до 19 09 2019  во селото Рилци, општина Благоевград, регион Благоевград како функционер – градоначалник на градското собрание во с. Рилци. Во рамки на својата служба изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, иако тие не живееле во селото и не доставиле потребни документи за регистрација. – пишува во обвинението против Чучарски.

 

Според истрагата, во селата Рилци и Бело Поле, регистрирани биле десетици илјади македонски државјани со фиктивни адреси. Постојат индиции дека биле ангажирани и посредници кои помагале во изготвувањето на овие документи. Иако некои фиктивни регистрации се откажани, проблемот со лажните адреси продолжува да биде актуелен

Земањето на бугарски пасоши е единствениот излез на македонските граѓани за подобар живот, наспроти кажувањата од источниот сосед дека тие се бугари и имаат бугарска самосвест.  

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сајкоски: Чекаме следни чекори од пратеничките групи околу прашањето со интерпелацијата на Даути

Следно

Албанија минатата година ја посетиле рекордни 11,7 милиони туристи

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop