Сајкоски: Чекаме следни чекори од пратеничките групи околу прашањето со интерпелацијата на Даути

January 14, 2025
1 min read

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓи Сајкоски во изјава за МИА вели дека Комисијата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути и дека нема добиено никакво известување досега.

– Во заклучокот од Собранието се кажува дека наводите во интерпелацијата се основани, односно дека со 61 пратеник, претседателот на Комисијата е разрешен, во случајот г-ѓа Даути, бидејќи не ги исполнила деловничките одредби. Тоа е она што е суштината. Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема бидејќи не е ни повикана. Чекаме следни чекори од пратеничките групи, вели Сајкоски.

Според Сајкоски, интерпелацијата е висок морален чин на секој именуван функционер кој не ја исполнува законската обврска, односно смета дека Даути треба самата да си поднесе оставка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левица ќе поднесе предлог за разрешување доколку не поднесе оставка – ЕФ со целосна поддршка за Даути

Следно

Екс градоначалникот на Рилци се спогодил со обвинителството

Latest from Blog

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал

Прилеп подготвен за спектакл: Проданоски најави незаборавен „Пиво фестивал 2026“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека подготовките за „Пиво фестивал 2026“ се во завршна фаза и дека градот е целосно подготвен да биде домаќин на една од најголемите летни манифестации во

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот
Go toTop