Економските претставници на Русија и исламските земји се собраа на 14. Форум во Казан

May 18, 2023
1 min read

КАЗАН (АА) – Во Казан, главниот град на Татарстан при Руската Федерација, започна 14. Форум „Русија-исламски свет: Форум во Казан 2023“ на кој учествуваат економски претставници на исламските земји и Русија, јавува Анадолу.

Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на овој форум.

Овој форум има цел зајакнување на комерцијалните, економските, научните, техничките, социјалните и културолошките врски помеѓу Русија и земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Меѓу целите на овој Форум се и ширење на исламските финансии и халал индустријата во Русија, отворање нови пазари и откривање на економските можности.

На Форумот, кој годинава се одржува по 14-ти пат, учествуваат меѓународни организации, претставници на јавни и финансиски институции, дипломати, политичари, инвеститори и бизнисмени, а се очекува да учествуваат повеќе од 7.000 учесници од 86 земји.

Во рамките на Форумот ќе се организираат околу 200 активности, вклучително и 140 тематски состаноци.

На првиот ден од Форумот ќе се одржат сесии на теми „Исламски финансии – Основи на исламското банкарство и финансии“, „Русија-исламски свет: медиумска соработка со цел одржлив развој и економска благосостојба“, „Сертификација на халал производи и меѓународно искуство“, „Примена на вештачката интелигенција во деловниот живот“ и „Научна и технолошка соработка во насока на ефикасно користење на ресурсите“.

Овој Форум за бизнисмените учесници овозможува наоѓање трговски, финансиски и технолошки партнери, како и влез на нови пазари и привлекување инвестиции.

Во овие рамки ќе се организираат бизнис-саемот „Русија Халал Експо“ и „Русија Халал Маркет“ на кои, покрај халал производи и услуги, ќе бидат презентирани и проекти за инвестиции и инфраструктура. Исто така, ќе се организира и дефиле за конзервативна облека „Модест Фешн Деј“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркије со критики за закотвувањето на американскиот разурнувач во пристаништето на кипарските Грци

Следно

(ВИДЕО) Мечка шета низ улиците на Сараево

Latest from Blog

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop