Еко-патролата на „Комунална хигиена“ со засилени активности: Расчистена дива депонија во Аеродром

March 24, 2023
1 min read

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје врши секојдневен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини, информираат од јавното комунално претпријатие.

Во текот на март, како што посочуваат, се изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад.

-Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за чистење на внатрешноста на фонтаните лоцирани во централното градско подрачје коишто сè уште не се пуштени во употреба. Воедно, беше отстранета и обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Јане Сандански“, во скопската општина Аеродром, при што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст и градинарски отпад, соопшти претпријатието.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени го потресе подрачјето на иранско-турската граница

Следно

(ФОТО) Во Хрватска по првпат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop