Екипите на ЕВН цела ноќ работеа на отстранување на дефектите на терен во екстремни временски услови

November 26, 2023
1 min read

реклама


Екипите на Електродистрибуција од цела Македонија ја поминаа ноќта на терен санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови. Тие се уште работат на отстранување на вчерашните и ново настанатите дефекти од утринава.

Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање.

реклама

ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови.

Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија.

реклама



EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Израел фрли 40.000 тони експлозив врз Појасот Газа од почетокот на нападите на 7 октомври

Следно

Во Тетово раскинат договорот со пајак службата – Касами: Беше проблематично, имавме критики

Latest from Blog

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и

Тврдат дека се угнетувани на Светското првенство – се пожалија на ФИФА

фото: AJE Sport (X) Фудбалската федерација на Иран поднесе официјална жалба до ФИФА поради строгите ограничувања за патување со кои се соочува нивната репрезентација за време на Светското првенство во САД. Федерацијата

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

 Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД. Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски
Go toTop