ЕК загрижена за состојбата во правосудството на РСМ – Рејндерс: Треба да се увериме да не застарат делата

October 27, 2023
1 min read

реклама


Во рамките на форумот ЕУ-Западен Балкан, во Собранието се одржа втората сесија посветена на владеењето на правото и судските реформи. Министерот за правда, Кренар Љога, ја истакна важноста од ефективно процесирање на случаите на корупција и организиран криминал, а од Владата велат дека се трудат максимално за напредок во оваа област, особено преку препораките кои доаѓаат од мониторингот на ОБСЕ.

Но, каква проценка за судскиот систем има Европската комисија? Еврокомесарот Дидие Рајндерс изјави дека Европската комисија е загрижена за актуелната состојба во Северна Македонија, особено во делот на застареноста на случаите со висок профил на корупција. Сепак, тој рече дека сите забелешки ќе бидат објавени следниот месец во генералниот извештај на Комисијата за правосудниот систем.

реклама

Но, како треба да се подобри моменталната состојба во судството бидејќи само мал процент од граѓаните имаат доверба во правниот систем? Министерката за правда на Шпанија, Марија Куенка, рече дека најважно е судиите да бидат непристрасни, правниот систем да биде брз и ефикасен, а судењата мора да бидат брзи.

Покрај реформите во правосудството, на денешната седница се разговараше и за напредокот на заедничките активности поврзани со руската агресија во Украина, како и за презентација на приоритетите на идното белгиско претседателство.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: ДУИ се зазема за враќање на Груевски – Касами: Османи го злоупотребува претседателството со ОБСЕ

Следно

Малолетник украл пари од турист од Сингапур во Скопската чаршија

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop