ЕК предлага прогласување на седум држави за безбедни земји на потекло за враќање на азилантите

April 16, 2025
1 min read

Европската комисијата денеска предложи прва листа на безбедни земји на потекло на ниво на ЕУ, што ќе овозможи забрзување на имплементацијата на одредени аспекти на Пактот за миграција и азил и ќе им помогне на членките на Унијата побрзо и поефикасно да ги обработуваат барањата за азил, соопшти денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт.

  • Комисијата предлага да се изработи првата листа на ниво на ЕУ која ќе ги опфаќа Косово, Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко и Тунис. Листата е динамична, што значи дека може да се проширува или преразгледува со текот на времето. Земјите може да бидат отстранети од листата, доколку повеќе не ги исполнуваат критериумите за да бидат оквалификувани како безбедна земја на потекло, рече Ламерт.

Тој нагласи дека Евромисијата смета оти земјите кандидати за членство во ЕУ, во принцип, ги исполнуваат критериумите за да бидат оквалификувани како безбедни земји на потекло, бидејќи како дел од нивниот европски пат тие работат на постигнување стабилност на институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото и почитување и заштита на човековите и на правата на малцинствата.

  • Земја кандидат би била исклучена само под одредени специфични околности, како неселективно насилство во конфликтни ситуации, санкции усвоени од Советот кон таа држава или ако стапката на прифатени барања за азил во ЕУ стане повисока од 20 отсто, истакна Ламерт.

Портпаролот на Комисијата рече и дека со воспоставувањето на заедничка листа на ЕУ на безбедни држави на потекло, ќе се овозможи побрза обработка на барањата за азил на државјаните овие земји со максимално времетраење до три месеци или преку забрзана постапка.

Ламберт нагласи дека оквалифувањето на една земја на потекло како безбедна, не значи гаранција за безбедност за сите нејзини државјани, па затоа членките на ЕУ треба да спроведат индивидуална проценка на секое барање за азил, независно од фактот дали некое лице доаѓа од безбедна земја на потекло или не.

  • Сега останува Европскиот парламент и Советот да се договорат за овој предлог, додаде Ламерт.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот в.д. градоначалник на Кочани: Состојбата во општината е хаотична

Следно

Четворица осомничени за тешки кражби од објект на Македонски железници – одземале машини и предмети во вредност од 1.239.000 денари

Latest from Blog

Гренланд ги отфрла најавите на Трамп за преземање

Владата на Гренланд изјави дека „под никакви околности не може да ја прифати“ желбата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз територијата, додека генералниот секретар на НАТО, Марк

Влошена безбедносна состојба во Иран: МНР со итен апел до македонските граѓани

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во

Фото: Млада милијардерка ги истакна облините

Минатата недела во Калифорнија се одржаа доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс, а бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста присуствуваа на овој престижен настан. На доделувањето на наградите присуствуваше и членката

Планот за праведна транзиција ја зајакнува економската и енергетската трансформација

Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација
Go toTop