Едно лице загина, а две други се повредени во третиот последователен руски воздушен напад на Киев

July 13, 2023
1 min read

Украинската армија јавува дека извеле успешна операција за противвоздушна одбрана, соборувајќи дваесет беспилотни летала од иранско производство „Шахед“ и две крстосувачки ракети „Калибр“

Руската армија трет ден по ред врши воздушни напади со дронови и крстосувачки ракети врз главниот град на Украина, Киев, само неколку часа по завршувањето на Самитот на НАТО-членките во Вилнус, Литванија.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во синоќешните напади загинало едно лице, а неговото тело било пронајдено под урнатините на станбена зграда во областа Подолиски додека одговорни лица гаснеле пожар во киевскиот кварт Подил. Во градот на неколку места е пријавена штета, а во областа Дарница се пронајдени две повредени лица и тие биле хоспитализирани.

Сепак, украинската армија објави дека и покрај штетите, за среќа, нивниот противвоздушен систем успеал да пресретне дваесетина дронови од иранско производство.

„Успешно изведовме операција за противвоздушна одбрана. Дваесет беспилотни летала „Шахед“ беа уништени, сите што летаа беа соборени. Уништени се и две крстосувачки ракети „Калибр“,

изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Игнат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина бара НАТО „да не сее хаос“

Следно

Меси: Наскоро ќе се повлечам од репрезентацијата

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop