Едно лице загина, 29 се повредени во земјотресот со магнитуда од 6,1 степен во западна Турција

August 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција синоќа ја потресе земјотрес со магнитуда од 6,1 степен, јавува Анадолу.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) информираше дека епицентарот на земјотресот бил во округот Синдирги во турската област Баликесир.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 11 километри.

Mинистерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, изјави дека 81-годишен граѓанин им подлегнал на повредите откако бил спасен од урната зграда.

Дваесет и девет други повредени исто така се спасени, при што ниту еден не е во животно-загрозувачка состојба.

Првичните проценки покажуваат дека 16 згради во 68 населби се урнале како резултат на земјотресот и последователните потреси.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им изрази сочувство на сите погодени, истакнувајќи дека одблизу ќе ги следи последиците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магија на Големо Езеро: „Ноќта кога ја убив месечината“ изведена на Пелистер

Следно

Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун

Latest from Blog

Гласаат болните и затворениците, утрe повторени избори за градоначалник во четири општини

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север,
Go toTop