Едно лице загина во верижниот судир во Унгарија – полицијата го пронашла под опожарен автомобил

March 12, 2023
1 min read

Иако првично беше објавено дека во несреќата се повредени 36 лица, обновениот полициски извештај говори дека во масовниот судир се повредени 39 лица. Дванаесет лица се тешко повредени, а двајца се во животна опасност. Според унгарската полиција, 25 од повредените се малолетни лица

Едно лице загина во вчерашниот масовен верижен судир во кој учестуваа 42 возила на автопат кон Будимпешта.

Фото: EPA-EFE/Peter Lakatos

Според извештајот на унгарската полиција, се работи за маж на 44-годишна возраст.

Тој бил пронајден под еден од опожарените автомобили кои се запалиле при судирот.

„Во несреќата 44-годишен маж го загуби животот. При отстранување на остатоците од еден од опожарените автомобили е пронајдено загинато лице. Во моментов е во тек увидот на местото на настанот“,

се наведува во полициското соопштение.

Иако првично беше објавено дека во несреќата се повредени 36 лица, обновениот полициски извештај говори дека во масовниот судир се повредени 39 лица. Дванаесет лица се тешко повредени, а двајца се во животна опасност. Според унгарската полиција, 25 од повредените се малолетни лица.

Вчерашниот масовен верижен судир во кој учестуваа 42 возила, од кои пет камиони и 37 автомобили, се случи околу 14:25 часот во близина на селото Херцегалом на делницата од автопатот М1 од страната што води до главниот град на Унгарија.

Унгарската полиција информира дека нејзините екипи учествувале во спасувањето и во увидот на местото на настанот до 5:10 часот утринава.

Автопатот каде што се случи несреќата сега е отворен и во двата правци.

Во меѓувреме се истражуваат околностите и причините за несреќата со учество на вештаци.

Се претпоставува дека причина за несреќата бил силен ветер кој со себе носел прашина и со тоа била намалена видливоста, но засега нема официјална потврда за ваквите наводи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Двојно виножито на небото над Скопје

Следно

Во Конгресот започна истрага за повлекувањето на САД од Авганистан

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop