Едмонд Адеми е не-резиздентен амбасадор на Северна Македонија во Андора, му ги предаде акредитивите на Емануел Макрон

1 min read

Амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Шпанија Едмонд Адеми, на средба во Елисејската палата со претседателот на Француската Република Емануел Макрон, кој воедно е ко-Принц на Принципатот Андора, му ги предаде акредитивните писма со кои тој е именуван за не-резиздентен амбасадор на нашата земја Андора.

Андора, малата држава на источните падини на Принеите, постои од 8 век, но својата независност ја стекнала во 1993 година, кога Франција и Шпанија ја признаваат независна држава, по што земјата сртанива членка на Советот на Европа и на ОН.

Како претседатели на Андора се водат Бискупот од Ургел во Шпанија и Претседателот на Франција како ко-принц. Ова останало како дел од државното уредување и по признавањето на Андора од страна на Франција и Шпанија како независна држава во 1993 година. Главен законодавен орган е парламентот, кој го сочинуваат 28 пратеници со четиригодишен мандат и кои го избираат премиерот на Андора. Со референдумот на 14 март 1993 година, жителите на Андора се решија за нов устав, кој ја дефинира земјата како независна и демократска република.

Ко-принцот, се води како еден од претседателите на државата, но всушност поседува само право на вето кон евентуални измени во законот за граници на Андора. Франција и Шпанија сѐ уште се задолжени за одбраната на Андора.

Главен адут на економијата во Андора е туризмот, кој по педесеттите години е во постојан раст. Според процените, денес Андора ја посетуваат околу 12 милиони туристи годишно. Туристичките „магнети“ се: зимскиот спорт, алпската клима и неоданочените производи. Андора има фабрики за преработување на тутун и дрво, а има и доста развиено сточарство (пред се: овци, говеда и коњи). И покрај тоа што располага со наоѓалишта на железо, челик и мермер, економијата на Андора е во голема мера зависна од увозот. Најголемиот дел од прехранбените производи исто така се увезуваат, бидејќи само 4 проценти од земјата е обработлива.

Поради ниските даночни стапки и законот за тајност во банкарството, Андора е седиште на многубројни домашни и странски банки. Од 1 јануари 2002 година, еврото ги замени францускиот франк и шпанската пезета како национална валута во Андора.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

“Црн биланс“ од поплавите во Европа, повеќе од 20 загинати

Следно

Унгарската Влада вели дека пејџерите што експлодираа во Либан никогаш не биле во земјата

Latest from Blog