Единствена опција на Дамева беше да си даде оставка, велат од Владата

December 2, 2024
1 min read

„По огромните забелешки за работата на претседателката на судскиот совет Дамева единствената можна и исправна одлука е нејзината оставка. Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, соопштија од Владата.

Судскиот совет на денешната вонредна седница не расправаше за избор на нов претседател по оставката на Весна Дамева од функцијата, поради отсуството на двајца членови Лорета Ѓорѓиева и Александар Камбовски. Останатите едногласно одлучија дека е подобро да бидат во комплетен состав и на изборот да се навратат на следната седница.

Од партиите засега со реакции се јавија само они од албанскиот блок. Од опозициската ДУИ ги осудија, како што наведуваат, политичките напади врз Дамева и бруталните интервенции врз интегритетот на Судскиот совет.

Од Вреди пак им  одговорија на ДУИ дека тоа што зборуваат за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ, според коалицијата, е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет и за тоа мора и ќе има одговорност.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зголемен капацитет и подобрен услови за престој во беровскиот Дом за стари лица

Следно

Маестралните „Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери во среда

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop