Еден загинат и повеќемина повредени во пукање во локал во центарот на Приштина

August 5, 2023
1 min read

Инцидентот се случил во локалот „Бон Вивант“, а според информациите на косовската полиција, станува збор за лица на возраст од 20 до 40 години

Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на полициско соопштение, пренесува дека во моментов има вкупно четворица осомничени за инцидентот. И тие се меѓу повредените и се наоѓаат во Клиничкиот центар во Приштина, каде што по наредба на обвинител се под надзор на полицијата

Едно лице загина, a над 20 се повредени во пукање кое доцна синоќа пред полноќ се случило во угостителски објект во центарот на Приштина, јавуваат косовските медиуми. 

Косовска полиција (Илустративна фотографија) / Фото: Косовска полиција (Фејсбук)

Инцидентот се случил во локалот „Бон Вивант“, а според информациите на косовската полиција, станува збор за лица на возраст од 20 до 40 години.

Како што соопштила полицијата, четворица од повредените биле застрелани, додека 17, од кои 14 жени, се здобиле со повреди од скршено стакло.

Портпаролот на регионалната полиција во Приштина, Афрон Боровци, за медиумите изјавил дека синоќа околу 23:30 часот било пријавено пукање во локал на улицата „Реџеп Лучи“ во градот.  

„Полицијата веднаш излезе на местото на настанот и според првите информации постои сомнеж дека има повредени од огнено оружје, а други од фрагменти од стакло“,

изјавил Боровци. 

На местото на инцидентот излегле надлежни полициски единици, кои пронашле чаури и дамки од крв, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на соопштение на косовската полиција. 

Лицето кое загинало во пукањето, како што пренесува РТС, е 39-годишен маж. Тој бил префрлен во Клиничкиот центар во Приштина, каде што по хируршката интервенција бил пренесен на реанимација, но и покрај интензивната терапија утрово им подлегнал на повредите.  

Според директорот на одделението за интензивна нега на Кличнкиот центар во Приштина, Шаќир Ука, мажот имал повреди во пределот на стомакот.    

Регионалниот сервис на РСЕ, повикувајќи се на полициско соопштение, пренесува дека во моментов има вкупно четворица осомничени. И тие се меѓу повредените и се наоѓаат во Клиничкиот центар во Приштина, каде што по наредба на обвинител се под надзор на полицијата.  

Сомнежите се дека на пукањето му претходела расправија меѓу осомничените.

„Постојат сомнежи дека по расправија во локалот меѓу осомничените мажи било употребено и огнено оружје (во престрелката)“,

пишува РСЕ цитирајќи соопштение на косовската полиција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе во наредните часови ќе потпише за Реал

Следно

Манчестер сити го објави рекордниот трансфер на Гвардиол

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop