Еден час пауза во Собранието на барање на Левица

June 24, 2025
1 min read

Во Собранието, пред утврдување на дневниот ред на 55. седница, беше објавена едночасовна пауза, на барање на пратеникот од Левица Димитар Апасиев.

Како и во претходните денови пред почетокот на пленарните седници од Левица бараат едночасовна пауза бидејќи, како што рече Апасиев, генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници.

Собранието денеска треба да ја одржи 55. седница со расправа по ратификации и закони од повеќе области. 

На дневен ред се предлог законите за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите  и на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) и Прешево (Република Србија). 
 
Пред пратенииците се и дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, на Законот за средното образование, во второ читање, како и предлог законите за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, на Законот за волонтерството, на Законот за младински додаток, исто така во второ читање. 
 
Дел од предложениот дневен ред се и Предлог законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2024 година.

За денеска во Собранието се закажани и продолженија на 48., 52., како и 47. пленарна седница.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Њујорк прогласи вонредна состојба поради екстремни температури

Следно

Богојески си оди агенцијата за Еразмус програмите: Неговото назначување беше потсмевање за сѐ што претставува ЕУ, порачаа од Брисел

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop