Богојески си оди агенцијата за Еразмус програмите: Неговото назначување беше потсмевање за сѐ што претставува ЕУ, порачаа од Брисел

June 24, 2025
1 min read

Петар Богојески, директорот со најкраток стаж во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, си заминува од функцијата откако премиерот Христијан Мицкоски договори со него „прераспределба на позиции“: Лидерот на Македонски концепт треба да застане на чело на друга државна институција, а двете партии ќе настапат заедно на претстојните локални избори.

Рацин.мк разговараше со извор од кабинетот на Директорката на Директоријатот за образование, млади, спорт и култура – Пиа Хансен, која за Рацин.мк потврди дека од самиот почеток Директоријатот и клучните одговорни за спроведување на програмата Еразмус+ се изјасниле негативно на назначувањето на Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Тие тоа направиле со директно укажување преку непосредни дипломатски канали, но и преку Делегација на Европската Унија во Северна Македонија кон премиерот Мицкоски.

„Неговото назначување беше потсмевање за сѐ што ЕУ претставува и се обидува да изгради, вакви назначувања за задоволување на домашни политички апетити се дамка врз досието на тоа што се Македонија постигна изминативе декади и заложбата да биде полноправна членка. Едноставно мора да научите да се однесувате поодговорно“, се вели во изјавата која ја обезбедивме во телефонски разговор. 

Повеќе граѓански организации уште во април побараа Владата да го повлече назначувањето на Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поради долгата низа срамни испади на социјалните мрежи: вулгарни навреди, етнички и верски омразувачки пораки, па дури и отворени повици за насилство. 

Тогашните апели на невладиниот сектор не допреа до владините уши, но молкот од Брисел очигледно беше погласен.

Сега, кога Богојески добива нова институционална адреса, прашањето е дали промената е награда, компромис или димна завеса за да се сочува коалицискиот мир пред локалните избори. Во секој случај, останува впечатокот дека во земја што чука на европската врата, говорот на омраза не се казнува, туку ротира по институциите.

Сепак, на заминувањето на Богојески од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, може да се гледа и како на победа на граѓанските организации и демократските медиуми и јавност, кои го кренаа својиот глас и постојано го алармираа Брисел за неговото назначување како проблематично.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден час пауза во Собранието на барање на Левица

Следно

Запленети мрежи и 300 белвици при засилена контрола на Охридското Езеро

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Скопје, 17 октомври 2026 – Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16
Go toTop