Еден Азар се враќа во Белгија?

September 20, 2023
1 min read

Еден Азар е веќе неколку месеци без клуб, откако спогодбено го раскина договорот со Реал Мадрид. Белгиецот беше убедливо најплатен играч кај „кралевите“, но последните две сезони скоро и воопшто не играше.

Азар се наоѓаше во очајна форма и никако не можеше да добие минутажа кај Карло Анчелоти, а навивачите беа разочарани од него и бараа да си замине.

Имаше многу шпекулации околу неговиот следен клуб, прво се зборуваше за преселба во Саудиска Арабија и во Турција, потоа го поврзуваа со трансфер во Кина и Соединетите Американски Држави, но негова следна дестинација најверојатно ќе биде родната Белгија.

Управата на Унион Ст. Гилоа е подготвена да му понуди едногодишна соработка на Азар, а тамошните медиуми велат дека Азар веќе стапил во контакт преку со клубот. Ст. Гилоа последниве сезони е убедливо најуспешен тим во Белгија и овој трансфер би можел да биде добар за фудбалерот, особено ако успее да се врати во препознатливата форма која своевремено го вбројуваше меѓу најдобрите светски играчи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, документот за реформи во ЕУ ги потврди укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДС прифати штетен договор

Следно

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони
Go toTop