Е.Пелистер го доби вечното дерби против Вардар

December 14, 2024
1 min read

Актуелниот македонски машки ракометен шампион, Е. Пелистер, го однесе триумфот во вечното дерби против Вардар, победувајќи со 35-33 во рамките на 15. коло од Суперлигата.

Натпреварот, одигран пред полни трибини, донесе драма и високо темпо на игра на двете екипи.

Битолчани целосно го презедоа контролата во втората половина од првото полувреме, казнувајќи ја слабата одбрана на Вардар. До полувремето Пелистер изгради убедлива предност од девет голови (22-13), потврдувајќи ја доминацијата.

Во вториот дел, Вардар се обиде да направи камбек. Скопскиот тим постепено ја намалуваше разликата со добра игра и поголема борбеност.

Водството на Пелистер се топеше, а на осум минути пред крајот резултатот беше намален на само два гола разлика (31-29), што внесе неизвесност во завршницата.

Кулминацијата на драмата се случи во последните две минути, кога Вардар стигна до минимална негатива (34-33). Но, во клучните моменти, Пелистер остана смирен и во следниот напад постигна гол за повторно зголемување на разликата, осигурувајќи ја победата со конечни 35-33.

Радивојевиќ постигна 13 гола, Кузмановски осум, а Митревски имаше 12 одбрани. Кај Вардар Крсманчиќ постигна девет гола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Поранешни амбасадори ја направија дипломатијата најслаба карика на државата- нема да дозволиме повторување на такви постапки

Следно

Сторија 24: Битка со церебрална парализа

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop