Двојно убиство во Прилеп

July 13, 2025
1 min read

Семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања според обвинителството се причина што 63 годишниот прилепчанец вчера ги убил 43 годишниот внук од сопствена сестра и неговиот 12 годишен син.

Убиецот телефонски му се јавил на неговиот внук и го поканил да дојде во неговиот дом инсистирајќи да го земе и неговиот 12годишен син со него. Според полцијата убиството се случило околу три или четири часот попладне. Потоа убиецот на фејсбук напишал статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот.

Полицијата пристигнала во куќата на убиецот откако вознемирената сопруга и мајка на убиените синоќа околу 21 часот пријавила дека со часови ги нема нејзините најблиски и дека се сомнева дека се кај вујкото на сопругот. 

Таа пред да пријави се упатила кон куќата на вујкото, видела дека влезната врата е затворена и никој не се одзива на нејзините довикувања, а надвор пред куќата го забележала паркиран автобмобилот на нејзиниот сопруг. 

Кога полицајците се обиделе да влезат во куќата, убиецот употребил експлозивна направа, а потоа почнал и да пука кон нив. 

Сања Стаматова портпаролка на СВР Битола

„Полициските службеници извршиле проверка во домот на сторителот, но никој не ја отворал вратата. По наредба од јавен обвинител, полициските службеници со употреба на сила, ја отвориле вратата и кога влегле во куќата, едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, а тие возвратиле од службено оружје, пукајќи кон куќата “

По престрелката со полицијата убиецот сам си го одзел животот. Трагедијата завршила околу еден часот изутрината, а кога влегла полицијата ги пронашла трите безживотни тела.  Обвинителството издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со ископувањата во древниот град Троја во Турција се истражуваат артефактите поврзани со легендарната Тројанска војна

Следно

Ангелов: Пожарите кај Крушје и Локвица се потешки за гаснење

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop